• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Артета разочаран од ремито со Кристал Палас

Артета разочаран од ремито со Кристал Палас

Лондон, 24 април 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на ремито со Кристал Палас во натпреварот од 34. коло на англискиот шампионат.

„Топчиите“ синоќа на домашен терен одиграа само 2:2.

- Со овој резултат ги загубивме нашите шанси за највисок пласман, секако за тоа е заслужен противникот. Ни беше тешко да најдеме константност во играта. Ја губевме топката на едноставни начини и доцневме во се што направивме. Разочаран сум, изјави Артета за „ESPN“.

Арсенал има 67 бодови и е втор на табелата во Премиер лигата. Лидер е Ливерпул со 79 бода и натпревар помалку. Кристал Палас е на 12. место со 45 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан