• среда, 27 ноември 2024

Артета по поразот од Брајтон: Арсенал направи доволно за победа, но повторно не стигна до бодовите

Артета по поразот од Брајтон: Арсенал направи доволно за победа, но повторно не стигна до бодовите
Брајтон, 20 јуни 2020 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги критикуваше своите избраници за слабата игра во одбраната по денешниот пораз од Брајтон во натпреварот од 30. коло од Премиер лигата со гол примен во последните моменти. - Навистина сум разочаран. Неприфатливо е да се изгуби на овој начин. Ние сакаме да се надигруваме. Знам дека имаме млад тим, но ние едноставно го подаривме натпреварот. За неговиот исход требаше да се одлучи многу порано. Мислам дека играчите кои влегоа на терен денес направија добра работа. Направивме повеќе од доволно за сигурна победа, но повторно го оставаме теренот без да освоиме бодови. Така е кога дозволуваме да ни даваат смешни голови, изјави Артета. Тој им порача на неговите фудбалери да не се откажуваат и да не ја губат самодовербата. - Треба да се бориме понатаму и да одржиме позитивен став, утре ќе биде нов ден, нагласи предводникот на „топџиите“. На осум кола пред крајот на сезоната Арсенал е на 10. место со 40 бода, далеку зад екипите кои се во зоната на Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан