• среда, 25 декември 2024

Арсовски: Фирмата „СВ Инвест“ поврзувана со случајот рекет во РЕК Битола, e во стечајна постапка

Арсовски: Фирмата „СВ Инвест“ поврзувана со случајот рекет во РЕК Битола, e во стечајна постапка

Скопје, 31 мај 2021

Фамозната фирма „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, еден од луѓето кој со Вице Заев одземаше тендери на компании кои што си добиле во РЕК Битола и праќаше луѓе со Васко Ковачевски кој што е директор на ЕЛЕМ кај Вице да плаќаат рекет и покрај заработените милиони во РЕК Битола, оваа фирма на Столе Чифлигароски на „СВ Инвест“ на 22 март оваа година објавила отпочнување на стечајна постапка. Практично оди во стечај и се затвора.

Фирма која од година во година и растел профитот по 50, 100 и 200 проценти, и во 2019-тата година заработила 2.5 милиони евра оданочени, отпочнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250.000 евра. На овој документ се гледа решението за отпочнување на стечајна постапка за поведување, а на овој документ се гледа образложението зошто односно за неизмирен долг од 16.5 милиони денари или нешто повеќе од 250.000 евра. Ова се тие два документи кои што ја определуваат стечајната постапка.

Очигледно е дека сакаат оваа фирма свесно да ја затворат сите инволвирани во криминалот и да ја стават во стечај за да не ги поврзува ништо, ама баш ништо, ниту Столе ниту било кој друг со криминалот во РЕК Битола. Но, тоа се само нивни желби и тоа не оди така. Не може со затворање на фирма да се амнестираат делата доколку ги има и доколку е направен криминал, а видовме по пријавата дека ги има, на било кој инволвиран во целиот случај од пријавата.

Да потсетиме, Столе Чифлигароски сопственикот на „СВ Инвест“  и индиректно Вице Заев, преку „СВ Инвест“ се обидоа да изнудат тендер, без да исполнуваат услови за да го добијат тендерот, од фирма која си го добила на јавен повик во РЕК Битола и притоа да направат штета на компанијата на која што и го изнудиле тендерот од нешто повеќе од над половина милион евра. Дополнително, истите тие луѓе, барале 250.000 евра рекет во кеш од сопствениците на компанијата да однесат во Струмица.

Рекет, почитувани граѓани, исто како на филмовите.

Зошто токму баш сега се отвора оваа стечајна постапка на фирмата „СВ Инвест“ од Битола?

Дали тоа значи дека постои можност да сопственикот на фирмата ја напушти државата со парите со кои што ги заработил од РЕК Битола и да избега и да не може да биде достапен и на располагање на органите за случајот за рекет од 250.000 евра и изнуда на тендер во РЕК Битола?

МВР и ЈО треба да преземат мерки уште веднаш, да го отворат случајот и да ги обезбедат на било каков начин сите инволвирани.

Во спротивно институциите им помагаат на сите инволвирани да го заштитат криминалот и да ги изнесат парите надвор од државата.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан