• среда, 25 декември 2024

Арсовски: Обвинителството да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Зекири и колку од парите завршиле во нечии други џебови како провизии

Арсовски: Обвинителството да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Зекири и колку од парите завршиле во нечии други џебови како провизии

Скопје, 10 април 2022

Откако дојдоа на власт во 2017 година СДСМ и ДУИ не прекинаа со крадењето на парите на граѓаните. Изминативе неколку години сме сведоци како секој еден можен функционер на СДСМ буквално си зема од парите на граѓаните и не одговара за истото.

Најинтензивно го чувствуваат граѓаните на своја кожа криминалот и корупцијата на овие луѓе кои владеат со владата и со државата.

Последниот случај каде што гледаме сериозен криминал, сериозно крадење на пари е од страна на кумашинот на Зоран Заев, поранешниот премиер и гуру на лоповите во Македонија, тоа е Мухамед Зекири.

Мухамед Зекири видовме преку медиумите дека без тендер во 4 очи направил коруптивен договор со двајца хрватски државјани во вредност од околу еден милион евра, правејќи фиктивни физибилити студии за рационализација и продажба на институција која што е под владата Македонски пошти.  Или  како што и самите знаат да кажат тоа било семинарски труд.

Македонски пошти е компанија која што свесно изминативе неколку години ја пропаднаа владата на СДСМ и ДУИ, таму вработените немаат пари да поделат плати, а Мухамед Зекири наместо тие еден милион евра кои ги ограбил или сакал да ги украде или кои ги земал парите на граѓаните, наместо да ги инвестира како влада во Македонски пошти и да помогне да профункционира таа институција, Мухамед Зекири како кумашин на Зоран Заев истите тие пари си ги присвоил за себе.

Ова не е ништо нов, ваков криминал и корупција има на секој чекор во оваа влада. И можеби треба да се запрашаме дали ова е единствениот криминал или нелегално работење на Мухамед Зекири. Ваков криминал сигурно има уште повеќе, но обвинителството треба што побрзо да истражи за сите сомничави работи кои ги правел Мухамед Зекири.

Второ прашање е дали и колку пари  од овие кои ги земал Мухамед Зекири завршиле во нечии други џебови како провизии. Сите знаеме целата јавност знае дека нема тендер, нема матна зделка  или коруптивна, каде што не се вмешани други луѓе од врвот на СДСМ. Дали и колку пари завршиле кај Зоран Заев, дали и колку пари завршиле кај Ковачевски? На ова треба да одговори обвинителството, а не веќе ден, два, три да молчи и да остане таму каде што е во моментов случајот.

Дали е можно, најблиските луѓе на Зоран Заев и на Ковачевски да крадат, а тие да не земат процент? И за ова треба да одговори обвинителството.

После Драги Рашковски, Мухамед Зеќири. После Мухамед Зеќири ќе видиме кој ќе е, но најверојатно и тој ќе биде по истиот терк, бидејќи таму бираат луѓе единствено кои што знаат да ја завршат домашната задача. Но, криминалната домашна задача, а не домашната задача за граѓаните.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми сега гледате зошто Република Македонија е најсиромашна држава, сега гледате зошто Република Македонија не можеше да се справи со пандемијата и изгинаа илјадници луѓе. Сега гледате зошто Република Македонија не можеше да набави ниту вакцини, ниту други потребни материјали. Сега гледате зошто Република Македонија нема пари, односно владата нема пари да го поддржи стопанството кое што секојдневно тоне во долгови. Сега гледате зошто  Македонија ги има најсиромашните граѓани. Одговорот е еден, а тоа е затоа што лоповското ДУИ на чело на владата ги испокраде парите на граѓаните. Ова не е ништо ново, за ова ВМРО-ДПМНЕ говори изминативе 5 години. За вакви ситуации, за вакви коруптивни и криминални зделки ВМРО-ДПМНЕ има поднесено стотици кривични пријави, но очигледно власта се штитеше преку правосудните органи. Сега веќе го имаат и граѓаните и сите останати одговорот зошто Македонија е најсиромашна земја. Затоа што СДСМ ја ограби буквално до последен денар.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.   https://www.youtube.com/watch?v=xN3tau10F8I

Остани поврзан