• среда, 25 декември 2024

Арсовски: Дали тим од МНР денеска е на тајни преговори во Софија за прифаќање на предлогот и протоколот?

Арсовски: Дали тим од МНР денеска е на тајни преговори во Софија за прифаќање на предлогот и протоколот?
Скопје, 27 јуни 2022
Република Македонија е жртва на дипломатската непособност и незнаење на оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Тотален дебакл и перманентно нарушување на сите преговарачки позиции со Бугарија е резултат на оваа влада, предводена од СДСМ и ДУИ.Смешни се кога ги слушаме од владата дека велат дека државата била цел на хибриден напад, кој пак ниту се обиделе да го спречат доколку го имало, ниту пак поднесуваат одговорност затоа што не можеле да го спречат доколку имало такво напад. Смешни оправдувања за неспособноста на оваа влада!Она што е многу важно денес да го одговори јавно владата, на јавноста, на граѓаните, медиумите, е следново:-Дали денеска има тим од МНР кој е пратен во Република Бугарија да преговара за францускиот предлог?-Дали е точно дека овој тим денеска преговара за предлогот да биде ставен во протокол за Европската унија?-Дали со ова молчење, тимот од МНР ја крои тажната судбина на државата, далеку од очите на јавноста каде што ги води овие преговори во Софија?
 
Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите останати да одговорат што работат и што преговараат тајно, далеку од очите јавноста во однос по ова прашање поврзано со францускиот предлог.Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и притисокот кој што беше најважен, планот на Ковачевски, Османи и Маричиќ, предлогот веднаш да помине во двете собранија не се случи, во Република Македонија заради притисокот за кој што споменав претходно, а во Бугарија заради оставката на тамошниот премиер.Ваков дебакл, каков што ѝ се случи на Република Македонија и на граѓаните, не се случил никогаш и никаде во ниту една дипломатија.
Ова е срам, ова е брука, ова е тотално непознавање на елементарните дипломатски работи, класично непознавање на дипломатската професија на луѓето кои што во моментов ја работат во владата и класично неспособно работење и незнаење на една влада, во случајов владата предводена од СДСМ и ДУИ.Уште истиот момент, кога ќе ги погледнете луѓето кои ги водат преговорите ќе сфатите дека се работи за класични неработници и непознавачи на дипломатијата.
СДСМ и ДУИ не смеат да преговараат против националните интереси и за францускиот предлог да биде ставен во протокол за ЕУ.Ковачевски, Османи и Маричиќ мораат јавно да одговорат што прават тимовите денеска во Софија и најважно, мора да се сноси одговорност за овие дипломатски дебакли и неславни моменти што ги доживува државата и тие единствено паѓаат на товар и штета на граѓаните и државата.Оставка е најмалку што може да направи оваа влада, бидејќи срамот ќе остане, но тие мора да си заминат веднаш, за да не доживуваме нови дебакли како држава.
Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан