• среда, 25 декември 2024

Арсовски: Во сред ГТЦ „се копало“ со крадена струја, МВР ги штити криминалците

Арсовски: Во сред ГТЦ „се копало“ со крадена струја, МВР ги штити криминалците
Скопје, 18 ноември 2021 Три дена молчат и директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски и претседателот на бордот на директори Трајанка Тасевска која инаку е сопругата на директорот на БЈБ при МВР. Во сред ГТЦ во подрумите позади мене, се копало криптовалути нелегално неколку години откако е СДСМ дојдено на власт, се копало со крадена струја, а МВР не сака да преземе никаква одговорност и ги штити криминалците. Зошто МВР пред три дена ја повлече полицијата да не ја извршат својата работа? Дали затоа што ургирала сопругата на директорот на БЈБ Сашо Тасевски или пак затоа што ургирал коалициониот партнер на Зоран Заев, за кој се смета дека негови се и машините за копање криптовалути, а тоа е семејството Бајрам и лично тие имаат ургирано кај Заев и Оливер Спасовски? Како и да е, МВР има двојни аршини за криминалот. Оливер Спасовски и МВР ги штитат овие луѓе за сериозен криминал, каде што имаат украдено струја преку ГТЦ во вредност од стотици илјади, а можеби и милиони евра. Замислете, МВР излезе и кажа дека не се крадело струја и при тоа разговарале со ЕВН кои што им потврдиле, а од ЕВН пак велат дека немаат таму дополнителни броила и практично потенцираа дека МВР со нивната изјава во јавност лажат и со тоа уште еднаш го штитат криминалот. Да резимираме, директорите на ГТЦ, коалициониот партнер на Заев, семејството Бајрам, и МВР се соучесници во овој сериозен криминал кој тежи стотици илјади евра украдена струја. А, нормално мора да е одобрен од Зоран Заев. Сите треба да одговараат кривично, бидејќи 3 години штителе криминал и крадење на струја, бидејќи и самите тие се соучесници во овој случај. Додека МВР, Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска молчат, тоа е доволна потврда дека се замешани во сериозен криминал и се фатени живи. Одговорност, но и надомест на штета мора да има. Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан