• петок, 08 ноември 2024

Арсовска: Преземаме мерки против загадувањето, но потребна е вклученост на сите засегнати институции

Арсовска: Преземаме мерки против загадувањето, но потребна е вклученост на сите засегнати институции

Скопје, 25 декември 2023 (МИА) – Надлежностите и ресурсите на Градот Скопје за справувањето со аерозагаувањето се лимитирани.  Она што е во наш домен е во целост спроведено, а со препораки треба да излезе Министерството за животна средина вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, посочувајќи дека годинава тројно е зголемен бројот на инспекциски надзори од градот, како и бројот и сумата на глоби кои се изречени и наплатени кон оние што се загадувачи.

Според Арсовска, резултатите нема да бидат ништо подобри, доколку сите институции не постапуваат.

Таа денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи дека и покрај тоа што од страна на Град Скопје биле исчистени голем број на депонии, биле редовно детектирани и утврдувани загадувачите, сепак проблемот имал потреба од вклученост на поголем број на институции.

-Она што е во наша должност го спроведуваме во целост, но ќе повторам треба сите да одлучат и да се преземат мерки затоа што ние како единка и покрај тоа што поднесуваме кривични пријави, покрај толку исчистени депонии, сепак повеќе од тоа нашите ресурси се лимитирани и додека не одлучат сите да работат во оваа насока резултатите нема да бидат ништо подобри од тоа што биле во изминатите 30 години, на крајот еден да чисти, а 10 да загадуваат никогаш нема да го постигне резултатот кој го сакаме и очекуваме, посочи таа.

Додаде дека Град Скопје ги има зголемено бројот на изречени глоби и инспекциски надзори.

-Оваа година се тројно зголемен бројот на инспекциски надзори, се зголемени бројот и сумата на глоби кои се изречени и наплатени кон оние што се загадувачи, работевме на три нови мега паркови отпочнавме со два нови мега паркови, отпочнавме и со постапката со која ќе треба во текот на наредната година да извршиме чистење и оплеменување на просторот кај вардариште, исто така отпочнавме и ја завршивме ботаничката градина во Скопје, морам да напоменам за првпат во 30 години покренавме кривична пријава за еден детектиран и утврден загадувач и се надевам дека и останатите институции ќе постапуваат. Исчистивме над 280 диви депонии кои сега гледаме некој сака повторно да ги полне, меѓутоа мора да разбереме дека градот Скопје има и десет свои општини има Министерство за животна средина има државен инспекторат за животна средина и голем број на други општински, локални и централни власти, посочи Арсовска.

Арсовска рече дека дополнително советниците на Град Скопје не сакале да гласаат за еколошки автобуси и бесплатен градски превоз.

-Само здружена акција ќе придонесе овој проблем да се реши, мора да признаеме дека со нашите капацитети со сите опструкции кои ги трпиме ние направивме многу, но сами не можеме да го направиме сето она што е непходни за решавање на овој проблем. Дополнително советниците на Град Скопје веќе цел година не гласаат за да има еколошки автобуси и не гласаат за тоа да имаме бесплатен градски превоз за да можат нашите граѓани како во останатите европски држави да имаат бесплатен превоз, пракса која гледаме дека во некои држави дава фантастични резултати и многу голем удел има во бробата против загадувањето затоа што граѓаните ги оставаат своите автомобили и користат безбеден ефикасен јавен превоз, кој притоа е и бесплатен, порача Арсовска. свс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан