• сабота, 23 ноември 2024

Арсовска: Прво е прашањето кој пали во Скопје, а не кога мостот ќе биде во употреба

Арсовска: Прво е прашањето кој пали во Скопје, а не кога мостот ќе биде во употреба

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Иницијалното прашање е кој пали во градот Скопје и кој ги предизвикува сите овие хаотични ситуации, а не за колку време ние ќе го ставиме мостот во употреба, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. 

Во врска со мостот „Беласица“, кој по опожарувањето пред десетина дена е затворен за сообраќај, таа рече дека се прави дефокус и постојано се зборува за ставањето во функција на мостот, за да не се зборува, како што рече, кој го предизвикал пожарот. 

-Две ситуации на мостови имавме за седум дена – по седум дена беа исечени и сите држачи на железничкиот мост во Влае, рече Арсовска во интервју за ТВ Телма.  

Тимови од надлежни институции излегле на терен и додека не се соберат сите докази, рече таа, и кога ќе биде сигурно дека нема да се загрози откривањето кој го сторил кривичното дело не смее да се постапува.

null

-Не смееме да постапуваме дури и да сакаме. Зеленото светло го добивме пред неколку дена дека може да почнеме да постапуваме, рече Арсовска. 

Посочи дека се ангажирани вешти лица и на терен  се работи за да се докаже какво е оштетувањето, како што рече „ако воопшто го има“, и дека тоа не би требало да трае повеќе од 20 дена.

-Ако прелиминарните докази од анализите го дадат тоа што го очекуваме, тогаш мостот со ситна санација ќе биде пуштен во употреба. Но само во оној момент кога ќе бидеме сигурни дека е безбеден за нашите граѓани, рече градоначалничката. 

Тврдењата за голема оштетеност ги смета за несериозни зашто оценките биле дадени  „од око и на далечина од 50 метри“ и тоа предизвикало вознемиреност во јавноста за безбедноста на мостот. хс/ цр

Фото: принтскрин

Остани поврзан