Арсовска од Сарај: Скопје повторно ќе биде град на соживот
- Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен
Скопје, 27 октомври 2021 (МИА) - Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз, истакна независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска вечерва пред жителите од Кондово, Бојане и Буковиќ во Општина Сарај.
Арсовска вети дека за сите населени места во Општина Сарај ќе има посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата.
-Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз, игралиште за деца мора да има во секое населено место во Скопје и околината, рече Арсовска.
Воедно се осврнаа и на многу ветувања кои им беа ветени во текот на изминатите години од актуелната градска власт, а не беа исполнети, како што се кружниот тек на влезот во Сарај, спортско рекреативниот центар „Сарај“ и езерото Треска.свс/дма/