• четврток, 26 декември 2024

Арсовска изврши увид во изградбата на новиот мост на реката Серава

Арсовска изврши увид во изградбата на новиот мост на реката Серава

20 декември 2023 

Почитувани,

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со екипите од Секторот за планирање и уредување на просторот и јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, денеска извршија увид во текот на  изградбата на новиот мост на реката Серава кај Момин поток со што се реализира уште еден проект од програмата За модерно Скопје. 

Со новиот мост кој се гради покрај постојниот над реката Серава, кој е со поголем профил се овозможува дооформување на клучката и изградба на новиот булевар со предвидениот профил. Со реализација на овие проекти се овозможува решавање на проблемот со сообраќајниот метеж на оваа локација низ која секојдневно транзитираат неколку десетици илјади возила.


Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Град Скопје 

Остани поврзан