• недела, 01 февруари 2026

Арсенал ја наполни мрежата на Лидс за +7 во однос на конкурентите

Арсенал ја наполни мрежата на Лидс за +7 во однос на конкурентите

Лидс, 31.јануари 2026 (МИА) – Лидерот во Премиер лигата Арсенал постигна убедлива победа од 4:0 на гостувањето кај Лидс во еден од трите први дуели од 24.коло и по три натпревари без триумф стигнаа до „цел плен“. Со новите три бодови „топџиите“ на конкурентите (Астон Вила и Манчестер Сити) им „побегнаа“ на седум бодови разлика.

На дуелот со Лидс поведе со голот на Мартин Зубименди во 27.минута, а на полувреме беше 2:0 по автоголот на домашниот голман Карл Дарлоу во 38.минута. Во вториот дел Виктор Ѓоќереш зголеми на 3:0 во 69.минута, а конечните 4:0 ги постави резервистот Габриел Жезус во 86.минута.

На другите два дуела: Брајтон – Евертон 1:1 и Вулверхемптон – Бурнемут 0:2.

Во терминот од 18:30 часот играат: Челзи и Вест Хем, а во 21 часот е дуелот Ливерпул – Њукасл. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан