• петок, 05 декември 2025

Арсенал се надева на скоро потпишување нов договор со Сака

Арсенал се надева на скоро потпишување нов договор со Сака


Лондон, 3 октомври 2025 (МИА) – Откако Арсенал веќе потпиша нов петгодишен договор со стоперот Вилијам Салиба, раководството на лондонскиот премиерлигаш се надева дека ќе ја продолжи соработката и со крилниот напаѓач Букајо Сака (24), пишуваат британските медиуми.
Тековниот договор го врзува Сака со Арсенал до јуни 2027 година, но со нов договор тој би станал, заедно со Каи Хаверц, најплатениот фудбалер во клубот. Хаверц заработува 16,7 милиони евра годишно.
„Колку што знам, Сака е исклучително среќен во Арсенал. Сите знаат колку ни значи и се надевам дека прашањето за неговиот нов договор ќе биде решено наскоро“, рече тренерот Микел Артета.
Сака мина низ младинската академија на Арсенал и дебитираше во сениорскиот тим пред шест години. Досега за Арсенал одигра 269 натпревари, постигна 72 голови и регистрираше исто толку асистенции. Во дресот на англиската репрезентација одигра 44 натпревари, на кои даде 12 голови и додаде осум асистенции.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан