Арсенал продолжува со засилувањата, Хинкапи доаѓа во премиерлигашот
- Иако потрошија речиси 300 милиони евра за нови играчи, раководството на Арсенал доведува уште едно скапо засилување во дефанзивецот на Баер Леверкузен, Пјеро Хинкапи (23), јавија денеска британските медиуми.
Лондон, 27 август 2025 (МИА) – Иако потрошија речиси 300 милиони евра за нови играчи, раководството на Арсенал доведува уште едно скапо засилување во дефанзивецот на Баер Леверкузен, Пјеро Хинкапи (23), јавија денеска британските медиуми.
Откако беше потврдено дека полскиот интернационалец Јакуб Кивиор заминува во Порто, премиерлигашот од северен Лондон одлучи да доведе соодветна замена во дефанзивецот од Еквадор.
Хинкапи, исто така, ги покрива двете позиции, како и Кивиор, а пристигна во Леверкузен пред четири години од аргентинскиот Талерес во трансфер вреден шест милиони евра.
Неговиот договор со Баер е со важност до јуни 2029 година, а клаузулата за обесштетување е 60 милиони евра. Сепак, Арсенал нема да мора да ја плати целата сума за обесштетување до следната година, бидејќи Хинкапи прво доаѓа во англискиот клуб на едногодишна позајмица.ег
ФОТО: ЕПА