• понеделник, 23 декември 2024

Арсенал одби 35 милиони евра од саудиски Ал Итихад за Тросар

Арсенал одби 35 милиони евра од саудиски Ал Итихад за Тросар


Лондон, 2 септември 2024 (МИА) – Саудискиот фудбалски прволигаш Ал Итихад испрати понуда од 35 милиони евра за играчот од средниот ред на Арсенал, Леандро Тросар.
Според новинарот Фабрицио Романо, сепак, Арсенал ја одбил понудата бидејќи во белгискиот фудбалер гледа клучна алка во тимот за оваа сезона.
Ал Итихад се обидува да го засили својот тим со крилен напаѓач и по секоја веројатност следната цел на тимот ќе биде Галено од Порто.
Тросар, кој ќе наполни 30 години на крајот на оваа година, му се приклучи на Арсенал од Брајтон во јануари минатата година за сума од 24 милиони евра. На 71 натпревари досега за лондонскиот тим постигна 19 голови и додаде 12 асистенции. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан