Аризона: Пребројувањето на гласовите ќе продолжи и викендов
- Пребројувањето на гласовите во Аризона ќе продолжи и за време на викендот, а остануваат да се пребројат над 250.000 гласачки ливчиња, јави Си-Ен-Ен.
Вашингтон, 7 ноември 2020 (МИА) - Пребројувањето на гласовите во Аризона ќе продолжи и за време на викендот, а остануваат да се пребројат над 250.000 гласачки ливчиња, јави Си-Ен-Ен.
Државната секретарка на Аризона, Кејти Хобс проценува дека остануваат уште меѓу 250.000 и 270.000 необработени гласачки ливчиња.
Таа рече дека 137.000 од овие гласачки ливчиња се наоѓаат во најголемиот округ во државата, округот Марикопа, но дека по објавувањето на новите резултати ноќеска, тој број ќе падне под 100.000. паг/