Аргентинскиот тинејџер Клаудио Ечевери во Манчестер сити
- Актуелниот европски и англиски фудбалски првак Манчестер сити потпиша денеска договор со 18-годишниот Клаудио Ечевери од аргентинскиот гигант Ривер Плата.

Манчестер, 25 јануари 2024 (МИА) – Актуелниот европски и англиски фудбалски првак Манчестер сити потпиша денеска договор со 18-годишниот Клаудио Ечевери од аргентинскиот гигант Ривер Плата.
Сити ќе плати околу 12.5 милиони фунти за Ечеверија, кој потпиша договор на четири и пол години, пренесува Би-Би-Си.
Младиот аргентински играч за врска ќе остане во редовите на Ривер Плата до крајот на оваа календарска година.
Сити во јануари лани постигна сличен договор со Ривер Плата и за аргентинскиот напаѓач Хулио Алварез.
Ечевери беше капитен на Аргентина на Светското првенство за фудбалери до 17 години минатиот ноември и постигна хет – трик во победата над Бразил од 3-0 во четвртфиналето. ег/
ФОТО: Фејсбук