• понеделник, 23 декември 2024

Аргентина бара апсење на ирански министер поради бомбашкиот напад во 1994 година

Аргентина бара апсење на ирански министер поради бомбашкиот напад во 1994 година

Буенос Аирес, 24 април 2024 (МИА) - Аргентина денеска побара Интерпол да издаде меѓународна потерница за иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди, поради неговата наводна вмешаност во бомбашкиот напад на еврејскиот културен центар во Буенос Аирес во 1994 година, јавува Би-Би-Си.

Барањето доаѓа само две недели откако судот во Аргентина утврди дека Иран е одговорен за бомбашкиот напад во 1994 година, во кој загинаа 85 луѓе и се смета за најсмртоносниот терористички напад во историјата на оваа јужноамериканска земја.

Аргентинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Интерпол издаде таканаречено „црвено известување“ со кое ги предупредува полициите во земјите-членки за меѓународно бараните бегалци, но не претставува налог за апсење.

Интерпол не може да ја натера полицијата да уапси некого за кого е издадена само тоа „црвено известување“, но на земјата-членка останува да одлучи дали ќе го уапси лицето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан