• понеделник, 23 декември 2024

Арбен Таравари во трка за втор мандат за градоначалник на Гостивар

Арбен Таравари во трка за втор мандат за градоначалник на Гостивар
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ја официјализираше својата кандидатура за Гостивар на локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври годинава.

Како што соопштија од Алијанса за Албанците, тој неодамна изјавил дека е оптимист за поддршката од граѓаните, бидејќи зборува со јазикот на работите што ги извршил.

-Арбен Таравари, кој победи на локалните избори во Гостивар во 2017 година, ужива силна поддршка од членството во партијата на централно и локално ниво, и според сите анкети повторно е фаворит и победник на годинашните локални избори. Официјализирањето на неговата кандидатура за уште еден четиригодишен мандат, наиде на голема поддршка на социјалните мрежи од граѓаните на Гостивар, наведуваат од АА. вг/бак/

Остани поврзан