• сабота, 06 декември 2025

Арагчи: Иран не доби никаква понуда од САД за нуклеарниот договор

Арагчи: Иран не доби никаква понуда од САД за нуклеарниот договор

Техеран, 16 мај 2025 (МИА) - Иран не добил никакви писмени предлози од Соединетите Американски Држави во врска со евентуален нуклеарен договор, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Изјавата на Арагчи дојде неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран има понуда.

-Нема предлози - ниту дадени директно ниту индиректно, напиша иранскиот министер на „Х“.

„Секогаш го поздравуваме дијалогот заснован на меѓусебно почитување и секогаш отфрламе секаков диктат“, истакна тој.

Шефот на иранската дипломатија додаде дека не постои сценарио во кое Иран би се откажал од тешко стекнатото право да збогатува ураниум за мирни цели. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан