• среда, 27 ноември 2024

Апсења во Франција и Италија поврзани со Ндрангета

Апсења во Франција и Италија поврзани со Ндрангета
Хаг, 16 септември 2020 (МИА) - Француската жандармерија и италијанскиот Карабинерски корпус, поддржани од Европол и Евроџаст, уапсија 46 лица, 33 во Франција и 13 во Италија, поради учество во голема трговија со дрога и перење пари, како и поврзаност со италијанската мафијашка организација „Ндрангета“. „Оваа операција во вторникот беше овозможена со исклучително распоредување на повеќе од 550 полицајци во Франција (во Париз и околината и Прованса-Алпи-Азурен брег) и Италија (Лигурија)“, се наведува во соопштението на Европол. За време на претресот во куќите, полицијата одзеде оружје, големи количина готовина, фалсификувани документи, дрога, возила и разни имоти поврзани со перење пари. Истрагата откри и шверц на оружје, од кое некое е воено. Осомничените, поврзани со криминалната организација „Ндрангета“, играле активна улога во трговијата со кокаин и канабис помеѓу Азурниот брег во Франција и Лигурија во Италија, со синџири за снабдување од Белгија, Шпанија и Холандија. паг/

Остани поврзан