• сабота, 23 ноември 2024

Апел за рационално користење на водата за пиење во Вевчани, најавени рестрикции

Апел за рационално користење на водата за пиење во Вевчани, најавени рестрикции

Вевчани, 10 август 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Еремја“ од Вевчани најави рестриктивни мерки за да се обезбедат потребните количини вода и за домаќинствата кои живеат во највисоката зона во Вевчани.

Оттаму апелираа до корисниците на водоводната мрежа рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.

- Единствена можност што моментално ја имаме е воведување рестрикции во текот на вечерните часови со цел да се наполни резервоарот „Смолејца“ и да обезбедиме вода за сите домаќинства во текот на денот. Доколку во попладневните часови резервоарот се испразни или е со минимално количество вода, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 23 часот до 5 часот наутро, за сите корисници на „горна зона“, соопшти ЈП „Еремја“. 

Населението, како што посочуваат, да ја користи водата исклучиво за пиење и потреби во домаќинствата, а не за наводнување земјоделски површини, паркови и дворови, и да не нанесува директна штета на целиот водоснабдителен систем. сс/ар/

 

Остани поврзан