• понеделник, 23 декември 2024

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков, Кривичен повторно ќе одлучува за неговото барање за условен отпуст

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков, Кривичен повторно ќе одлучува за неговото барање за условен отпуст

Скопје, 12 март 2024 (МИА) – Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и го врати предметот пред Кривичен, за тој повторно да одлучи за барањето за условен отпуст на Мијалков.

- Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид - Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд, соопштија денеска од Апелационен суд Скопје.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

- Согласно донесеното решение на Апелациониот суд - Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, дополнуваат од Апелација.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.ар/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан