• сабота, 23 ноември 2024

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Скопје, 2 август 2024

По повод јубилејот 80 години од првото заседание на АСНОМ, делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со членовите на Президиумот - потпретседателот Реџеп Исмаил-Хактан и генералниот секретар Јована Мојсоска положија цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот ,,Св. Прохор Пчински“, каде е одржано и првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија. 

Идеалите и целите на борбата за слобода и независност на македонскиот народ станаа реалност и темел на македонската државност со славната победа на Македонците во антифашистичката борба. Искуството од вековната борба на македонскиот народ покажува дека единствениот пат кон слобода и независност е преку борба во сојузот со сите угнетени народи на Балканот и ширум светот против канџите на империјализмот.

АСНОМ-ска Македонија е темелот на македонската државност. Во овие времиња на национална и социјална потиснатост на македонскиот народ, враќањето на АСНОМ-ските вредности и државнички принципи се клучни за повторно воспоставување на суверенитетот и независноста на македонската држава. 

Вечна слава на Илинден и АСНОМ!
Смрт на фашизмот - слобода за народот!

Сектор за медиуми и односи со јавноста на ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ПП Левица

Остани поврзан