• сабота, 28 декември 2024

Апасиев: Алтернатива, Алијанса и Беса имаат историска шанса да го стават ДУИ во опозиција

Апасиев: Алтернатива, Алијанса и Беса имаат историска шанса да го стават ДУИ во опозиција
Скопје, 8 ноември 2021 (МИА) - Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса имаат, како што вели, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.
- Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, напиша Апасиев на Фејсбук.
Тој додава дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а тие - максимум девет.
Објавата на Апасиев следува откако пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека нема да биде дел од списокот за уривање на владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица. хс/мч/

Остани поврзан