• понеделник, 22 јули 2024

Анчелоти: Реал секогаш оди на трофеј, ќе биде тешко против Валенсија

Анчелоти: Реал секогаш оди на трофеј, ќе биде тешко против Валенсија

Ријад, 10 јануари 2023 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите очекувања пред утрешниот натпревар со Валенсија во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

- Трофеите се важни за нашиот клуб. Минатата година успехот во ова натпреварување ни даде самодоверба, желба за борба. Се надевам дека истото ќе се случи и овој пат. Треба добро да се подготвиме и да одиграме добро против Валенсија за да можеме да се вратиме дома со уште еден трофеј. Очекувам тежок натпревар, но ние секогаш одиме на трофеј. Знаев дека нема да бидеме во најдобра форма во оваа фаза од сезоната. Но, сигналите што ги добив на тренинзите се позитивни, изјави Анчелоти.

Се осврна и на односот со тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо.

- Јас и Гатузо имавме многу среќни моменти бидејќи имавме победи и поминавме многу време заедно. Нашата врска отсекогаш не функционирала добро поради лични прашања, но не сакам да зборувам за тоа.

Во второто полуфинале ќе играат Бетис и Барселона.

Натпреварите од шпанскиот Суперкуп ќе се играат во Ријад, Саудиска Арабија. зс/

Остани поврзан