• вторник, 20 август 2024

Анчелоти по ремито со мајорка: Можевме и да изгубиме

Анчелоти по ремито со мајорка: Можевме и да изгубиме

Палма де Мајорка, 19 август 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа впечатоците по синоќешното реми со Мајорка.

Актуелниот шампион на гостувањето во Палма де Мајорка одигра само 1:1 во натпреварот од 1. коло на новата сезона во Ла Лига.

- Не сум задоволен од изданието на мојот тим бидејќи можевме да одиграме подобро. Требаше да покажеме повеќе став. Но, не сакам да се правдам. Ова е натпревар кој можевме да го загубиме поради недостаток на баланс, го цитира Анчелоти „Football Espana“.

Во следното коло Реал Мадрид на домашен терен игра со Ваљадолид. Натпреварот ќе се одигра на 25 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан