• среда, 27 ноември 2024

Анчелоти: Никогаш нема да барам од Реал да си заминам

Анчелоти: Никогаш нема да барам од Реал да си заминам

Мадрид, 29 декември 2022 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги демантираше информациите дека би можел да го напушти Реал за да седна на селекторското место во Бразил.

-Не знам за такво нешто. Мене никој не ме контактираше. Бразилската федерација не ме повика. Само сакам да останам во Реал Мадрид. Никогаш нема да барам од Реал Мадрид да си заминам, ја пренесе изјавата на тренерот, новинарот Фабрицио Романо.

Медиумите во неколку наврати објавија дека тренерот Анчелоти може да го води тимот, заменувајќи го Тите.

По неуспехот на Бразилците на СП 2022, Тите си поднесе оставка.

Реал Мадрид е втор во Ла Лига со 35 бода од 14 натпревари. зс/

Остани поврзан