Анчелоти: Би сакал повторно да работам со Кедира
- Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти изрази интерес за играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира.

Ливерпул, 21 ноември 2020 (МИА) - Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти изрази интерес за играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира.
- Имам одлични спомени од соработката со Кедира. Во Реал Мадрид се покажа како вистински професионалец. Би сакал повторно да работам со него, но тој не е сам. Имаше многу одлични играчи во мојата кариера. Сепак, преселувањето тука во Евертон е друга работа за размислување, истакна Анчелоти за „Goal.com“,