Антонио Тајани избран за нов лидер на партијата на Берлускони
- Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска е избран за секретар на партијата на десниот центар на Берлускони, Форца Италија (ФИ) на партискиот конгрес во Рим.
Рим, 24 февруари 2024 (МИА) – Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска е избран за секретар на партијата на десниот центар на Берлускони, Форца Италија (ФИ) на партискиот конгрес во Рим.
Тајани долго време беше десна рака на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, пренесува Анса.
- Среќен сум, чувствувам голема одговорност на моите плеќи, бидејќи не е лесно да се носи капитенската лента кога таа лента ја носел Силвио Берлускони. Ќе дадам се од себе, ќе се обидам да вклучам што повеќе луѓе во движењето, а ќе размислувам многу и за локалните администратори, рече Тајани. јт/
Фото: Форца Италија