• вторник, 17 декември 2024

Антологија „Игропис“ со поезија од 22 македонски автори

Антологија „Игропис“ со поезија од 22 македонски автори
Скопје, 11 ноември 2020 (МИА) - Здружението за развој на културата и уметноста „Фуснота“ ја објави антологијата „Игропис“ во која се застапени  22 македонски поети од различни генерации,  дел од нив учесници на меѓународниот проект „Шири поезија, не страв“. Приредувач на книгата е Драгана Евтимова, а корицата и цртежите ги изработи Владимир Лукаш. - Антологијата „Игропис“ е обид да се направи хибридна форма на книга, каде што сликата се обидува да се соедини со зборот. Преку поезијата на различни автори, целта е да се изрази медиум-порака, односно да презентира лична приказна. Цртежите се минијатурни реконструкции на Владимир Лукаш да се направи вкрстена конструкција за соединување на порака. Овој социјален експеримент има за цел да експериментира со различните ракописи и да создаде свест за вкрстено читање на различни текстови преку цртеж, соопшти издавачот. хс/скс/  

Остани поврзан