• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Анри: Се мислеше дека никој не може да ги надмине Меси или Роналдо, но се појави Јамал

Анри: Се мислеше дека никој не може да ги надмине Меси или Роналдо, но се појави Јамал

Барселона, 1 мај 2025 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Барселона, Тиери Анри е импресиониран од играта на фудбалерот на каталонскиот клуб Ламине Јамал.

- Начинот на кој игра Јамал на 17 години е надвор од вообичаеното. Неговата свесност, смиреност, разбирање на играта, способност за одбрана и притисок се впечатливи. Фудбалот секогаш носи изненадувања, се чинеше дека никој не може да ги надмине Меси или Роналдо. Но се појави Јамал. А во Аргентина има уште еден исклучително талентиран играч - Франко Мастантуоно од Ривер Плата. Затоа фудбалот е толку интересен, изјави Ари за „CBS Sports“.

Седумнаесетгодишниот Јамал сезонава настапи на 49 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 15 гола и 24 асистенции.

Јамал вчеравечер против Интер го играше својот 100-ти натпревар во дресот на барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан