• понеделник, 23 декември 2024

Анри го осуди расизмот, но и протестите во САД

Анри го осуди расизмот, но и протестите во САД
Монтреал, 3 јуни 2020 (МИА) - Легендата на Арсенал и актуелен тренер на Монтреал Импакт, Тиери Анри го осуди расизмот во Соединетите држави, но и зборуваше против протестите во американските градови. - Изминативе деновиразмислував како елоквентно да ги опишам моите чувства за трагичната и непотребна смрт на Џорџ Флојд. Би било премногу лесно да се напише со емоции, омраза и лути мисли веднаш по она што се случи. Иако сè уште ги има тие чувства, ќе направам обид. Зошто тоа се случи во 2020 година? Зошто истите тие расисти аплаудираат на секое етничко малцинство што игра за својот тим, но покажуваат агресија кон истите овие малцинства на улица? Зошто сите методи што ги користиме за да го отстраниме ова од нашето општество не функционираат? Ова се случува премногу долго и отидовме премногу далеку за да се толерира во современото општество, вели Анри. Тој додава дека не поддржува насилство, грабеж или уништување на имот, бидејќи тоа нема да реши никакви проблеми, а многу лица, измачувани од расизмот, се жртви на ваквото однесување. - Зошто луѓето треба да бидат казнети од оние што доживуваат исти тешкотии, збунетост и расистичко насилство? Луѓето кои работеле цел живот да ги прехранат своите семејства, а потоа плодовите на нивниот труд се уништени во протести против проблемите, од кои страдаат самите тие? Ова не е решението. Како и да е, навистина навистина требаме да се промениме, БАРАМЕ промена и што е најважно, ЗАСЛУЖУВАМЕ промени. Направете го тоа можно сега. ДОСТА Е, објави Анри на Твитер.

Тагови

Остани поврзан