• среда, 25 декември 2024

Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци

Анонимус ја хакираа Централната банка на Русија, најавија објавување на тајни податоци
Москва, 24 март 2022 (МИА) - Хакерската група Анонимус објави дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека ќе објават повеќе од 35.000 податоци. Групата Анонимус на својот Твитер профил објави дека нивната заедница ја хакирала Централната банка на Русија. Тие тврдат дека во следните 48 часа ќе објават повеќе од 35.000 документи, меѓу кои и тајни договори. Анонимус е најекспонираната хакерска заедница во светот, која објави војна на Русија по руската инвазија на Украина. Претходно се пофалија дека на 26 февруари ги хакирале државните ТВ канали во Русија и ја објавиле вистината за тоа што се случува во Украина. паг/  

Остани поврзан