• сабота, 23 ноември 2024

Анкета: Трамп води во трката за републиканска номинација следната година, Хејли последна

Анкета: Трамп води во трката за републиканска номинација следната година, Хејли последна

Вашингтон, 14 февруари 2023 (МИА) -  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп води во потенцијално широкото поле за да ја добие републиканската претседателска номинација во 2024 година, со новонајавената Ники Хејли на четвртото место, покажуваат податоците од анкетата на Ројтерс/Ипсос.

Трамп има поддршка од 43 отсто од регистрираните републиканци во новата анкета спроведена од 6 до 13 февруари.

Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис има 31 отсто поддршка и само 4 отсто за поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, која денеска ја објави својата кандидатура.

Десантис допрва треба официјално да ја објави својата кандидатура, но многумина тоа го очекуваат. Поранешниот потпретседател Мајк Пенс, кој исто така размислува да се кандидира, има 7 отсто од републиканската поддршка во анкетата.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос интервјуираше 1.465 регистрирани републиканци, дел од поголем примерок од повеќе од 4.000 возрасни Американци на национално ниво. зш/

Остани поврзан