• сабота, 16 ноември 2024

Анкета на „Волстрит Џурнал“: Харис има предност од еден отсто пред Трамп

Анкета на „Волстрит Џурнал“: Харис има предност од еден отсто пред Трамп

Вашингтон, 30 август 2024 (МИА) - Демократската претседателска кандидатка Камала Харис има еден процент предност пред републиканскиот ривал Доналд Трамп пред изборите во ноември, покажува најновата анкета на весниокот „Волстрит Џурнал“.

Според анкетата, Харис има поддршка од 48 отсто од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 47 отсто.

Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп.

Кампањата соопшти дека има зголемување на донациите за време на минатонеделната Демократска национална конвенција во Чикаго, каде што Харис и нејзиниот кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги прифатија номинациите, пишуваат француските медиуми.

Кампањата на Трамп претходно овој месец објави дека во јули собрала 138,7 милиони долари, а на почетокот на август имале 327 милиони долари во готовина.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан