• понеделник, 16 декември 2024

Анкета: Можна обвинителна пресуда за Трамп ќе има големо влијание врз резултатот од претседателските избори

Анкета: Можна обвинителна пресуда за Трамп ќе има големо влијание врз резултатот од претседателските избори

Вашингтон, 29 мај 2024 (МИА) - Анкета на универзитетот Квинипек спроведена во текот на судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп укажува дека ако биде прогласен виновен тоа може да влијае на резултатот од изборите.

Процесот против Трамп, прво такво судење на некој претседател на САД, е во завршна фаза откако денеска њујоршката порота започна со дискусии за тоа каква одлука да донесе – дали тој е виновен или е невин.

Според резултатите од анкетата објавени неодамна, шест отсто од избирачите одговориле дека ако Трамп биде осуден тогаш тие со мала веројатност ќе гласаат за него, 24 отсто кажале дека ќе гласаат со поголема веројатност, додека 68 отсто кажале дека тоа нема да промени ништо.

Од анкетата исто така се дознава дека секој четврт републиканец кажал дека ќе гласа за Трамп ако го прогласат за виновен во кривичниот процес против него. Исто така се дознава и дека 60 отсто од независните гласачи нема да гласаат за него ако е прогласен за виновен.

-Дали за Трамп ќе биде погубно ако пресудата е виновен? Огромно мнозинство на негови поддржувачи велат дека во неа (пресудата) нема ништо страшно. Но во целосно неизвесна трка (гореспоменатите) шест отсто можат да играат решавачка улога, изјави Тим Малој, аналитичар во Квинипек.

Претседателските избори во САД се закажани за годинава во ноември и на нив најверојатни тркачи ќе бидат актуелниот демократски претседател Џо Бајден и републиканецот Доналд Трамп. кб/

Остани поврзан