• среда, 27 ноември 2024

Анкета: Мнозинство Турци не го поддржуваат Ердоган

Анкета: Мнозинство Турци не го поддржуваат Ердоган
Анкара, 23 јануари 2022 (МИА) -  Мнозинството Турци не ја поддржуваат политиката на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Ова го покажуваат податоците од анкетата организирана од ценатар за испитување јавно мислење МетроПОЛ од Анкара. Повеќе од 40 отсто од анкетираните изјавиле дека ги одобруваат постапките на шефот на државата, додека 57 отсто се со спротивен став. Мнозинство испитаници сметаат дека Анкара треба да им даде предност на Русија и Кина во својата надворешна политика, наместо на САД и на Европската унија. Така мислат околу 40 оѕтсто од Турците, додека 37,5 отсто претпочитаат САД и Европската унија. Дваесет и три отсто одбиле да одговорат на ова прашање. Анкетата беше спроведена од 8-12 јануари во 28 турски провинции врз 1.508 луѓе.

Остани поврзан