• четврток, 26 декември 2024

Анкета: Мнозинството Црногорци сметаат дека владата на Абазовиќ е повеќе фокусирана на интересите на СПЦ и Србија

Анкета: Мнозинството Црногорци сметаат дека владата на Абазовиќ е повеќе фокусирана на интересите на СПЦ и Србија
Подгорица, 14 октомври 2022 (МИА) - Мнозинството црногорски граѓани сметаат дека владата на Дритан Абазовиќ, на која и беше изгласана недоверба во август, е повеќе фокусирана на интересите на Српската православна црква (СПЦ) и Србија отколку на Црна Гора, покажува истражувањето на Центарот за граѓанско образование (ЦГО) и агенцијата ДАМАР. Извршниот директор на агенцијата ДАМАР, Вук Чаѓеновиќ рече дека 56 отсто од испитаниците сметаат дека владата на Абазовиќ е повеќе фокусирана на интересите на СПЦ и Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ. Чаѓеновиќ рече дека околу 36 отсто од црногорските граѓани го сметаат потпишувањето на Основниот договор со СПЦ како брзоплето. „Вкупно 62 отсто од испитаниците сметаат дека Црна Гора се движи во погрешна насока, а 21 отсто сметаат дека оди во вистинска насока, додека нешто повеќе од една петтина од граѓаните сметаат дека земјата е во состојба на стагнација, рече Чаѓеновиќ. Тој додаде дека 53 отсто од граѓаните сметаат дека вонредни избори се најдоброто решение за излез од кризата. На скала од еден до пет, владата на Абазовиќ доби оценка од 2,25 и беше оценета полошо од претходниот кабинет на чело со Здравко Кривокапиќ, покажа истражувањето. Извршната директорка на ЦГО Далиборка Уљаревиќ рече дека 46,9 отсто од граѓаните „воопшто не му веруваат на Абазовиќ“. Уљаревиќ рече дека спроведената истрага не е поврзана со истражувањето на рејтингот на политичките партии ниту со претстојните локални избори кои ќе се одржат на 23 октомври во Подгорица и во 13 други градови. паг/  

Остани поврзан