• понеделник, 23 декември 2024

Анкета: Мнозинството Германци бараат предвремени избори

Анкета: Мнозинството Германци бараат предвремени избори

Берлин, 1 ноември 2024 (МИА) - Според социолошка анкета спроведена во Германија, мнозинството граѓани го изгубиле трпението со нестабилната влада на тројната коалиција, пренесува ДПА.

Последната анкета на „Дојчланд Тренд“ за јавната телевизија АРД открива дека 54 отсто од анкетираните би сакале предвремени парламентарни избори.

Во исто време, 41 процент од испитаниците се согласни дека коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, составена од Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и Слободната демократска партија (ФДП), треба да продолжи до редовните избори, закажани за 28 септември 2025 година.

Предвремени избори поддржуваат 93 отсто од приврзаниците на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и 75 отсто од поддржувачите на левичарската „Алијанса на Сара Вагенкнехт“.

Поддршката за предвремени избори изразиле и 69 отсто од поддржувачите на опозицискиот конзервативен блок – Демохристијаните  (ЦДУ/ЦСУ).

Истражувањето, спроведено од „Инфратест Димап“ меѓу 1.333 испитаници од понеделникот до средата, покажува дека вкупното задоволство од федералната влада опаѓа. Само 14 отсто од анкетираните изјавиле дека се многу задоволни или задоволни од нејзината работа, што е за пет процентни поени помалку во споредба со почетокот на октомври.

Незадоволството е зголемено за шест процентни поени, достигнувајќи 85 отсто
Поддршката за ЦДУ/ЦСУ моментално изнесува 34 отсто – три процентни поени повеќе отколку на претходната анкета. Тоа ја прави најсилна партија според актуелните резултати.

Социјалдемократската партија останува на ниво од 16 отсто, исто како и АфД со 17 отсто. Зелените изгубиле два процентни поени, а „Алијансата на Сара Вагенкнехт“ изгубил исто така два процентни поени, достигнувајќи поддршка од 6 проценти. ссм/

фото: архива

Остани поврзан