Андреску е третaта тенисерка од Топ 10 која загуби во првото коло на Вимблдон
- Французинката Ализ Корнет денес во првото коло на Вимблдон го победи седмиот женски рекет на светот Бјанка Андреску - 6:2, 6:1.

Лондон, 30 јуни 2021 (МИА) - Французинката Ализ Корнет денес во првото коло на Вимблдон го победи седмиот женски рекет на светот Бјанка Андреску - 6:2, 6:1.
Корнет, која ја совлада Андреску пред две недели во Берлин, победи Топ 10 тенисерка по 22-ри пат во својата кариера, има 51 пораз.
Андреску стана трета топ 10 тенисерка по Петра Квитова и Серена Вилијамс, елиминирана уште во првото коло на Грен слемот во Лондон. зс/