• сабота, 28 декември 2024

Андоновски ќе информира за сработеното на Министерството за дигитална трансформација во првите 100 дена

Андоновски ќе информира за сработеното на Министерството за дигитална трансформација во првите 100 дена

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска ќе одржи брифинг со новинари
по повод 100 дена работа на Министерството за дигитална трансформација.

Како што соопштија од Министерството, брифингот ќе биде во новите простории на Министерството, а по неговото завршување министерот Андоновски ќе даде ијзава за медиуми.

Андоновски во изјава по преземањето на функцијата истакна дека негова главна мисија во четиригодишниот мандат е да ја води македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции како и партнерства за соработка, зајакнување на граѓаните, бизнисите и институциите со дигитални алатки и знаење, поттикнувајќи технолошки напредно, инклузивно и општество без корупција. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан