• недела, 17 ноември 2024

Андоновски: Меѓународни партнерства за дигитализација на македонското општество

Андоновски: Меѓународни партнерства за дигитализација на македонското општество

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска имаше средби со новоименуваните амбасадори на Франција и Холандија, Кристоф Ле Риголер и Озлем Канел, како и со директорот на ГИЗ Давид Оберхубер.

- Меѓународни партнерства за дигитализација на македонското општество. Срдечни и квалитетни средби со новоименуваниот амбасадор на Франција, Кристоф Ле Риголер и новоименуваната амбасадорка на Холандија, Озлем Канел. Денеска и корисна работна средба со директорот на GIZ, Давид Оберхубер. Поддршката се засилува, продолжуваме уште поангажирано, напиша Андоновски на својот фејсбук-профил. ир/са/

 

Фото: ФБ Андоновски

Остани поврзан