• понеделник, 23 декември 2024

Андоновски: ИКТ-вештините да бидат позастапени во наставата за да имаме дигитално писмено население

Андоновски: ИКТ-вештините да бидат позастапени во наставата за да имаме дигитално писмено население

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) – Едносменската настава за која се залага МОН, според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е можност учениците во дополнителните часови да ги подобрат и своите ИКТ-вештини, со оглед на недоволната застапеност на предметот Информатика во наставата.

На дебата за реформа на јавната администрација, Андоновски рече дека е парадоксално да зборуваме за дигитализација на услугите во јавните институции кога „немаме доволно дигитално писмено население“, а предметот Информатика задолжително се изучува во само две одделенија во основното образование и во една година во средното, и тоа во гимназиите. 

-Ем во образование не им нудиме Информатика, критичко размислување, програмирање итн., ем од друга страна очекуваме луѓето да бидат дигитално писмени. Со ова мора да се справуваме и мислам дека заложбата на министерката за образование и наука за продолжена едносменска настава ќе помогне во дополнителните часови кога учениците се во училиштата да добијат ваков вид вештини, рече Андоновски. 

Вториот парадокс, како што кажа, е тоа што над 85 проценти од нашите граѓани имаат пристап до интернет во своите домови и на своите мобилни телефони, но само 30 проценти од генерацијата за која се смета дека најдобро го владее интернетот или дигиталните алатки, од 18 до 40 години, сметаат дека имаат задоволителни дигитални вештини. хс/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан