• вторник, 24 декември 2024

Андоновски: За шест години се формирани 56 нови институции

Андоновски: За шест години се формирани 56 нови институции

Скопје, 3 февруари 2024

„Реформата за процесот на реорганизација на администрацијата која беше најавена уште во 2017 година постојано се удира во ѕид. Тука е податокот дека Акцискиот план за спроведување на стратегијата бил реализиран само 52% што значи дека оваа Влада реализирала одвај половина од реформите. Во 2018 година имаме 1291 институција во јавниот сектор, од кои 128 органи на државната управа. Денес после 7 години на „оптимизација и реорганизација“ од страна на СДСМ и ДУИ имаме 1346 институции и 144 органи на државната управа. Тоа се 56 нови директори на институции кои не и требало да бидат оформени, 56 нови нивни заменици, 430 управни и надзорни одбори, во кои има 4000 партиски војници кои земаат паушали, нови службени возила и телефони, нови простории, илјадници нови вработувања, истакна Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација на гостувањето во радио МРТ1.

„Наместо јавната администрација да стане поефикасна, помала, покомпактна и најважно поефиксна. Парите кои што ги трошиме за паушали за управни и надзорни одбори, да ги трошиме на вработените во јавната администрација кои ни се дефицитарни. Ние ги фрламе на директорите, наместо да ги вложиме во зголемување на платите и зголемување на наградите на вработените а со тоа да им овозможиме една пријатна средина за работа, дополни Андоновски.

„После 5 или 6 години, ниту една верзија на нацрт закон не е предложен и консултиран со јавноста и засегнатите страни, иако експертите изготвиле 5 нацрти на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Заради тоа е  оваа реакција која ја имаат синдикатите. Нивните барања се легитимни, многу аргументирани и компаративните анализи се многу конкретни. Што не значи дека секое од барањата мора да се прифати, но секој треба да биде сослушан. Мислам дека ако има добра воља овој закон треба да се повлече од постапка, да се врати назад на разгледување и во една брза процедура ние можеме да ги вклучиме сите овие забелешки за да постигнеме определен наредок, кажа Андоновски.

Посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави јасни правила и критериуми за реорганизација на органите за да се превенира хаосот создаден од оваа Влада, а граѓаните ќе можат сите услуги од одредена област да ги добијат на едно место, наместо за секоја услуга да се обраќаат до различна агенција, управа или биро.

 

Стефан Андоновски – дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан