• вторник, 24 декември 2024

Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности на Министерството за дигитална трансформација пред партнерските организации за следните четири години 

Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности на Министерството за дигитална трансформација пред партнерските организации за следните четири години 

Скопје, 19 септември 2024

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во соработка со УСАИД организираше презентација на стратешките приоритети и идни планови на министерството за дигитална трансформација пред меѓународните партнери и меѓународната заедница. 

Министерот на потенцијалните проектни донатори на самиот почеток од средбата, им се заблагодари за континуираната поддршка која ја даваат на земјата, потенцирајќи ја важноста со која придонесуваат за развојот на државата.

Андоновски со присутните ја сподели својата визија за Македонија, која ја гледа како земја во која дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја поттикнуваат антикорупцијата, привлекуваат странски инвестиции и поттикнуваат одржливо и правично дигитално општество.

Тој додаде и дека негова главна мисија е во 4-годишниот мандат да ја води македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции како и партнерства за соработка, зајакнување на граѓаните, бизнисите и институциите со дигитални алатки и знаење, поттикнувајќи технолошки напредно, инклузивно и општество без корупција.

Bo прилог ви проследуваме и линк со фотографии од настанот: https://we.tl/t-DhHujugiwI

 

Кабинет на министерот Стефан Андоновски

Министерство за дигитална трансформација

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан