• среда, 27 ноември 2024

Андов: Целта е две победи против Молдавија

Андов: Целта е две победи против Молдавија

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација, Александар Андов посакува шест бода од претстојниот двомеч со Молдавија.

- Не очекуваат два важни натпревари против Молдавија на домашен и гостински терен, се подготвуваме максимално, сакаме да го покажеме нашето најдобро светло. Очекувањата за овој натпревар се големи, целта да се издвојува победа на двата. Ќе одиме чекор по чекор, односно натпревар по натпревар, очекувам да одиграме одличен натпревар тука во Скопје и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови. Ослабени сме со неиграњето на Гентијана Рочи, која се здоби со повреда на последниот натпревар за својот клуб, но од друга страна ќе претставува одлична прилика за друга фудбалерка која ќе настапи на нејзино место да се покаже во добро светло и да се наметне во репрезентацијата. Верувам во моите фудбалерки и се надевам дека ќе оствариме две победи, изјави Андов.

Македонските фудбалерки против Молдавките ќе играат во рамките на групата 2 од лигата Ц во квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство.

Првиот меч е закажан за 31 мај, петок, на тренинг центарот „Петар Милошевски", Скопје, вториот дуел ќе биде одигран во Кишињев на 4 јуни. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан