• петок, 05 декември 2025

Андов: Да го поддржиме Владко Грозданов за стабилна и перспективна општина Кочани

Андов: Да го поддржиме Владко Грозданов за стабилна и перспективна општина Кочани

Кочани, 31 октомври 2025 (МИА) - Потпретседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Александар Андов, денеска од Паркот на револуцијата упати повик до граѓаните во недела, на 2 ноември, да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кочани, Владко Грозданов, носител на број 9 на гласачкото ливче. 

-Денеска заедно со нашите коалициски партнери Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Социјалистичката партија на Македонија ве повикуваме на 2 ноември вашиот глас да го дадете за број 9 и градоначалник на Кочани, Владко Грозданов за стабилна и преспективна општина, рече Андов.

Тој истакна дека Владко Грозданов е човек со визија, човек позади кој стои Владата на Република Македонија како гаранција за сите проекти што ќе бидат реализирани во Општина Кочани.

Андов ги повика кочанчани да го направат „вистинскиот избор“ и да гласаат за број 9 на гласачкото ливче.

-Во недела вие одлучувате за вашата судбина, за судбината на вашите деца и пријатели. Гласајте за Владко Грозданов, за од понеделник Кочани повторно да почне да живее, порача Андов.

Александар Андов на првиот круг од локалните избори, одржани на 19 октомври, ја предводеше советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Кочани. ис/дма/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан