• понеделник, 03 март 2025

Андерсон ја одбрани светската титула во скиатлон

Андерсон ја одбрани светската титула во скиатлон

 

Трондхајм, 2 март 2025 (МИА) – Швеѓанката Еба Андерсон (27) ја одбрани денеска титулата во скиатлон на Светското првенство во нордиско скијање кое се одржува во норвешки Трондхајм.

Швеѓанката ја одбрани светската титула во фото финиш пред Норвежанката Тереза Јохауг. Бронзата ја освои Јона Сундлинг од Шведска.

Трката се одржа пред повеќе од 16.000 гледачи, а на трибините беа и норвешкиот крал Харалд и неговата сопруга Соња.

Годинава трката во скиатлон во женска конкуренција прв пат беше во должина о 20 километри, откако претходно се натпреваруваа на 15 километри. За 27-годишната Андерсон ова е деветти медал на светските првенства, а четврто злато. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан