• среда, 25 декември 2024

Андерсон: Нема да дозволам Шведска да стане засолниште за терористи

Андерсон: Нема да дозволам Шведска да стане засолниште за терористи
Брисел, 27 јуни 2022 (МИА) - Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нема да дозволи нејзината земја да стане засолниште за терористи. Нејзината изјава уследи по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел и пред почетокот на Самитот на Алијансата во Мадрид, со цел да добие поддршка од Турција за членството на Шведска. - Нашиот став за Курдската работничка партија (ПКК) е сосема јасен. За ЕУ групата е терористичка организација, со што се согласува и Шведска. Шведска не е и нема да биде засолниште за терористите. Властите интензивно ќе работат на протерување на оние кои би можеле да бидат закана за безбедноста, а веќе има значителен број случаи што во моментов се процесуираат, наведе Андерсон. Турција го блокира влезот на Шведска и на Финска во НАТО со образложение дека им пружаат засолниште на курдски екстремисти. ми/

Остани поврзан