• сабота, 27 јули 2024

Англија последен полуфиналист на СП за фудбалерки

Англија последен полуфиналист на СП за фудбалерки

Сиднеј, 12 август 2023 (МИА) – Женската фудбалска репрезентација на Англија им се приклучи на кодомаќинот Австралија, Шпанија и Шведска во полуфиналето на Светското првенство, откако попладнево во четвртфиналето во Сиднеј ја совлада Колумбија со 2-1.

На Олимпискиот стадион пред речиси 76.000 гледачи, Костарика поведе во 44 минута преку Лејси Сантос, а актуелниот европски првак го израмни резултатот во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Лорен Кемп. Победоносниот гол го постигна Алесија Русо во 63 минута.

Полуфиналните натпревари на СП кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд се на програмата на 15 и 16 август.

Во првото полуфинале во вторник Англија ќе игра против Австралија, додека ден подоцна ќе играат Шпанија и Шведска. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан